Актуелно 20.12.2018 21:06

Нови мерки во Франција, во полза на жолтите елеци

Нови мерки во Франција, во полза на жолтите елеци

Франција ќе ја покачи просечната плата за 100 евра и нема да ги намалува пензиите под 2.000 евра по одобрение на кабинетот, соопшти портпаролот на владата.

Бенџамин Гриво вели дека барањата на „Жолтите елеци“ биле прифатени од кабинетот.

Дополнително, Франција нема да наплаќа данок за надомест од прекувремена работа.

Оваа одлука ќе биде во корист на преку 5 милиони жители, вели портпаролот, и додава дека властите ќе разговараат за економската ситуација од јануари до март и ќе донесат нови одлуки најдоцна до средината на април.