Египетскиот претседател Абдел-Фатах ал-Сиси изјави дека стои поазди најновите мерки за штедење на неговата влада, чија цел е повторно градење на слабата економија на земјата, во време на бран апсења откако тој беше реизбран за претседател.
Владата ја зголеми цената на електричната енергија и водата за пиење, како дел од програмата за економски реформи дизајнирана да се квалификува за тригодишен заем од 12 милијарди долари од Меѓународниот монетарен фонд, кој Египет го обезбеди во 2016 година.
Доцна во вторникот во телевизиско појавување Ел-Сиси рече дека владата троши вкупно 330 милијарди евра египетски фунти, 18,6 милијарди долари годишно.
“Ние треба да ја платиме цената заедно” изјави тој.
Тешките мерки за штедење најмногу ги погодија сиромашните и египќаните од средната класа.
Египет ја интензивираше својата остра кампања против кои не се согласуваат со ставовите на владата откако Ел Сиси беше реизбран на изборите во март, во кои тој не се соочи со сериозни кандидати.