Владата на Италија одобри мерки кои го поддржуваат вработувањето во земјата, стапката отпуштања и да ги казнат субвенционираните компании кои ги преместуваат своите активности, пренесе „Франс прес“.
Невработеноста во Италија во мај беше 10,7 проценти наспроти 8,4 проценти во еврозоната.
Советот на министри „усвои декрет, кој предвидува воведување на итни мерки во името на достоинството на работниците и компаниите“, се наведува во соопштението.
Мерките вклучуваат, особено, „ограничена употреба на договори на определено време“.
Нема да е можно на пример договорите да се со рок над 2 години (како 3 години пред тоа) дури и при вонредни околности. Кај навремените договори ќе се наплаќа растечка рата со 0,5 проценти за социјално осигурување (од првото обновување на договорот) до 4 максимални обновувања, наспроти 5-те од порано.
Бенефициите при „неправедно“ отпуштање исто така се зголемуваат со 50 проценти и можат да достигнат 36 плати.
Декретот цели исто така „да се задржи нивото на вработеност и да се бори против преместувања на компаниите, кои добиле државна помош“, според коминикето. Тоа значи дека секоја компанија која добила каква и да е субвенција од државата, ќе треба да врати од 2 до 4 пати од вредноста на помошта ако ја премести својата дејност во период од 5 години по приемот.
Овие мерки, заедно со забраната за рекламирање на кладилниците и даночните правила се силно посакувани од антисистемното движење „Пет ѕвезди“, што ги прави главен адут во предизборната кампања.
Здруженијата на работодавачи се спротивставија на мерките.
„Тие се добро средство за обесхрабрување на вработувањето“, коментира Марко Бономети, претседател на Конфиндустрија – Ломбардија (Confindustria -Lombardia) од најбогатиот и развиен регион на Италија.
„Многу подобро е определен договор, отколку никаков договор“, изјави Бономети пред италијанскиот весник „Стампа“.
Декретот треба да биде одобрен од парламентот во рок од 60 до 90 дена или може да подлежи на измени.