Банкарство 17.09.2018 19:23

Новите банкноти од 100 и 200 евра од 100 и 200 евра ќе бидат пуштени во промет во мај 2019-та

Новите банкноти од 100 и 200 евра од 100 и 200 евра ќе бидат пуштени во промет во мај 2019-та

Новите банкноти од 100 и 200 евра ќе влезат во оптек на 28-ми мај следната година, објави денеска Европската централна банка (ЕЦБ).

Денес, новите банкноти се презентираат јавно за прв пат во седиштето на ЕЦБ во Франкфурт.

Нивниот нов дизајн има за цел да го отежни фалсификувањето. ЕЦБ веќе претстави побезбедни банкноти од 10, 20 и 50 евра.

Банкнотите од 500 евра повеќе нема да бидат печатени. Во 2016-та година, институцијата одлучи да ги повлече банкнотите од 500 евра кои наводно ги користеле во сите видови нелегални трговии до крајот на 2018-та година.

Новата банкнота од 5 евра беше лансирана во 2013-та година, од 10 евра во 2014-та година и 20 евра во 2015-та година, додека новата банкнота со номинација 50 беше воведена во 2017-та година.