Актуелно 26.06.2019 19:16

Нула грижа за пациентите: Македонка преживува голгота во неподносливи болки, неопходните лекови ги нема

Нула грижа за пациентите: Македонка преживува голгота во неподносливи болки, неопходните лекови ги нема

Како што вчера објави КУРИР по поплаки на пациенти од клиниката Ревматологија, во моментов ги немаат клучните лекови за ревматоиден артитис и тоа „Plaquenil“, „Aravа“ и „Metotrexat“.

Пациентите се снаоѓаат кој како стигне иако тоа не е нивна обврска, додека Министерството на чело со министерот Венко Филипче мува не го лази.

Тие носат лекови од странство, додека кој нема услови за тоа не пие лекови, велат дел од пациентите кои ни се обратија.

Ова е уште еден доказ за неспособноста на Венко Филипче иако тој нема да биде реконструиран како дел од „Метлата“ на Заев.

По објавување на нашата сторија, до редакцијата на КУРИР пристигнаа бројни примери за немање на неопходни лекови, поради кои пациентите буквално мака мачат.

Нашата редакција беше контактирана од загрижен граѓанин, во очај поради состојбата во која се наоѓа неговата мајка. Оваа Македонка преживува голгота поради негрижата на здравствените власти. Нејзината мака не трае ден-два, туку повеќе месеци. Загрижено е цело семејство, а таа едвај ги трпи болките.

Го нема лекот РЕЗОХИН кој е неопходен за болеста со која таа се соочува-агресивен ревматоиден артитис. Оваа наша сограѓанка дополнително е заболена и од карцином. До сега ја трпеше неправдата со недостатоци на хемотерапиите, а сега го нема ниту лекот кој ги намалува нејзините болки.

-Лекот Резохин го нема веќе неколку месеци, тој за мојата мајка е неопходен. Непримањето на терапиите кај неа предизвикува огромни, неиздржливи болки во нозете што дополнително ја прави немоќна да се движи. Лекот го нема повеќе месеци, скоро една година го нарачуваме од странство. Таму е многу скап, но не смееме да прекинеме со терапијата бидејќи болките се страшни, вели детето на оваа жена.

„Кога лекот ќе пристигне„ е прашање кое го поставуваат и на клиника и во министерство, но одговор нема.

Големата сума на пари потребна за лекот да се купи и достави од странство, пациентите не можат да си ја дозволат секој месец. Така, неможејќи да го најдат потребниот лек тука, а веќе потрошени од плаќањето во странство, пациентите се осудени на силни болки.

Во таков период во моментов е нашата сограѓанка за која пишувавме. Болките биле толку силни што итно била пренесена и хоспитализирана.

-Целите нозе нејзини се во отоци. Трпи огромни болки и едвај се движи. Лековите ги нема низ цела Македонија, ги баравме насекаде. Тој лек мојата мајка мора да го пие секој ден. Прашувавме на клиника, ни рекоа кога ќе стигне лекот ќе бидеме информирани. Нивниот одговор е едноставен „Терапија нема“, вели соговорничката на КУРИР.

Ова дете е во очај бидејќи ја гледа својата мајка со отоци, вкочанетост, подуеност и немоќна да се движи. А не може да помогне. Здравствените власти ја немаат информирано јавноста за овие тешки проблеми, а молчат и клиниките. Нивниот одговор „Нема“ за овие пациенти и нивните семејства е како прободување со нож во срце.

Ова е уште еден доказ за неспособноста на Венко Филипче иако тој нема да биде реконструиран како дел од „Метлата“ на Заев.

Ако премиерот смета дека овој министер е одличен во ресорот и мора таму да остане, тогаш лично Заев нека им објасни на овие пациенти и нивните деца до кога ќе преживуваат голгота!