Економија 24.09.2018 15:51

ОД НАРОДНИ ПАРИ СЕ ТРЕНИРААТ ПАРТИСКИ ВОЈНИЦИ: Кадрите на советникот на Шекеринска оро водат во Одбрана

ОД НАРОДНИ ПАРИ СЕ ТРЕНИРААТ ПАРТИСКИ ВОЈНИЦИ: Кадрите на советникот на Шекеринска оро водат во Одбрана

Додека во Министерството за одбрана се спроведува невидена чистка на неподобните кадри и се врши целосна партизација со кадри на советникот на Радмила Шекеринска и поранешен генерал Мирослав Стојановски, за што веќе пишувавме, на виделина излегуваат и злоушотребите при упатувањата на мисии во странство, школувања и курсирања. Целта на малвезрациите е да се испратат партиски подобни лица на тие работни места, на сметка на вистинските професионалци кои бескрупулозно се отстрануваат од листата на најуспешни кандидати – пишува порталот „Република.мк“

Блискоста со Мирослав Стојановски, по се изгледа, е пресудна полковникот Владо Стојановски ад биде избран за упатување на должност помошник-началник во бригадата СЕЕБРИГ во Лерин, Грција. Стојановски е член на Комисијата за спроведување на постапка за упатување на работа во странство, што предизвикува конфликта на интереси.

Изборот на Виолета Куновска за упатување на курс за аташе за одбрана во Сараево е уште еден пример на партизација на МО. Куновска е жесток партиски војник на СДСМ и учесник во Шарената револуција, што може да се види од приложените фотографии, и е блиска до екипата која е во одлични односи со министерката Шеќеринска.

Куновска е и заменик-претседател на Комисијата за избор на кандидати за школување и курсирање во странство. Значи, самата себе се упатила на курс, како најдобар кандидат. Веројатно и гласала сама за себе, или пак имала доволно доблест да ја напушти просторијата кога другите гласале за неа.

Од Република најавија и продолжение.