Економија 30.01.2019 14:25

Обемот на украдени криптовалути скокна за 400 отсто или 1,7 милијарди долари во 2018-та

Обемот на украдени криптовалути скокна за 400 отсто или 1,7 милијарди долари во 2018-та

Вредноста на украдените криптовалути од берзи и инвеститори се зголемила за 400% или околу 1,7 милијарди долари во 2018-та година, се наведува во извештајот на американската компанија за сајбер безбедност „CipherTrace“, соопштува „Ројтерс“.

Кражбите од онлајн платформите за трговија на дигиталните валути достигнаа 950 милиони долари, што е раст од речиси 260% во однос истите во 2017-та чија вредност беше 266 милиони долари.

Во Кореја и Јапонија беа извршени повеќето од кражбите – 58%.

Вредноста на украдените криптовалути изненади многу набљудувачи, со оглед на падот на цените на дигиталните валути во минатата година. Пазарната капитализација на над 1.600 дигитални валути е 112 милијарди долари во јануари 2019-та година, а тоа е со над 80% помалку во однос на највисоките вредности од минатата година.

Во прилог истражувањето е утврдено дека индивидуални инвеститори и корисници на различни платформи за трговија изгубиле криптовалути за околу 725 милиони долари поради измама со примарните монентни предлози, хакерските напади и „Понзи шеми“. Во 2017-та година, ваквите измами доведоа до проневера на криптовалути за 56 милиони долари.

Според извршниот директор на „CipherTrace“, Дејв Џеванс, постои нов вид на кривични дела кои вклучуваат перење пари.