Економија 29.05.2024 08:58

Обезбедено сместување и храна, два дена одмор и ништо – Црногорците со голем проблем

Обезбедено сместување и храна, два дена одмор и ништо – Црногорците со голем проблем

Недостигот од сезонски работници мачи многу земји во светот и регионот, особено пред летната сезона. Таков е случајот во Црна Гора, недостатокот на работна сила е грижа на сите ресторани, па не е ни чудо што социјалните мрежи се преполни со огласи за работа.

На социјалната мрежа Инстаграм се појави оглас во кој работодавец бара собарка за работа во хотел на крајбрежјето. Во огласот стоело дека е обезбедено сместување, храна и два дена одмор.

– Потребна е собарка за работа во хотел во близина на Будва. Почетна плата 750 евра. Обезбедено сместување и храна во рамките на објектот, 40 часа неделно, два дена одмор. Задолжително е да се испрати CV со фотографија – пишува во огласот.

Недостигот од сезонски работници во Црна Гора стана хроничен проблем

Како што пренесува „Вијести“, иако платите и дневниците се повисоки од претходните сезони, работниците од Црна Гора одат на поатрактивни дестинации каде што можат да заработат повеќе пари и да имаат подобри услови за работа.

Од Агенцијата за вработување тврдат дека лани имало недостиг од околу 20.000 сезонски работници, а за жал слични бројки очекуваат и годинава.

Курир.рс