Актуелно 23.01.2021 00:36

Очевидец за Канал 5 ја открива причината за тешката сообраќајка вечерва

Очевидец за Канал 5 ја открива причината за тешката сообраќајка вечерва

Вечерва се случи тешка сообраќајна несреќа на крстосницата меѓу улиците Франклин Рузвелт и Теодосиј Гологанов во центарот на Скопје.

Според очевидци во сообраќајната несреќа има повредени патници, но не е познато колку се тешки повредите.

До несреќата дошло кога автомобил ,,Пасат” со скопски регистарски ознаки удрил во две други возила. Од силината на ударот, се одбил и попатно соборил столбови на улицата.

Нема детали за несреќата, а се очекува МВР да излезе со повеќе информации. Според сведок на несреќата, црниот Пасат ја поминал крстосницата на црвено и директно удрил во другото возило.

Увидот е во тек. Се очекуваат повеќе информации и видео материјали од несреќата.

Ова е третото возило, Тојота Аурис кое што исто така настрадало од директниот удар на Пасатот. Не е познато во каква состојба се возачите на овие возила, освен дека има двајца тешко повредени во цалата сообраќајка .

Неофицијално дознаваме дека две лица се тешко повредени.