Актуелно 07.09.2023 07:44

Од 1. декември се враќа евтината дневна тарифа на струјата, важи за 200 илјади потрошувачи, за другите ќе се среди до крајот на годината

Од 1. декември се враќа евтината дневна тарифа на струјата, важи за 200 илјади потрошувачи, за другите ќе се среди до крајот на годината

Евтината дневна тарифа за електрична енергија од 13 до 15 часот ќе важи од 1 декември за околу 200 илјади потрошувачи кои имаат т.н. смарт броила и за оние кои имаат непречен пристап до броилата на ЕВН. Сашо Салтировски, директор на ЕВН, упати апел до корисниците да обезбедат пристап до броилата за струја доколку сакаат да користат евтина струја.

Од ЕВН Македонија велат дека најголеми загуби на електрична енергија има во Скопје. Од оваа компанија истакнуваат дека загубите не се регистрираат само по градови или општини каде преовладува една етничка заедница.

Во Арачиново, броилата се на улица и има 10% загуба во јуни и јули, така што проблемот е веќе просечен. Салтировски вели дека проблемите се надминати и во Липково. Според него ова ќе биде првата општина во земјава целосно покриена со смарт броила. Инаку евтината струја беше укината од 1 јануари 2022 кога беа воведени блок тарифите.