Една од најстарите млекарници во Македонија, со цел да се доближи уште повеќе до своите купувачи го редизајнираше корпоративниот идентитет и поголемиот дел од своите производи: јогурт, свежо млеко, кисело млеко и сурутка.
Производите со новиот изглед ќе бидат доспапни на полиците на маркетите од денеска.
„Чистиот, минималистилки и строг дизајн се одлика на зрелоста и јасната визија на млекарницата. А пак, храбрата различност што продуктите на Бучен Козјак ќе ја носат на полица преку новиот дизајн на амбалажата е одлика на врвниот квалитет и технологија на производство“, соопштуваат од компанијата.
На процесот на редизајн на Бучен Козјак им претходеше модернизација и инвестиција во технологијата на производствениот процес и контрола, кои производите ги доведоа до највискок квалитет.
„Во процесот на редизајнирање влеговме одлучно но и претпазливо, со намера да ја пренесеме јасно пораката до нашите корисници дека сме подготвени за динамиката на сегашноста и идината. Ова не е само редизајнирање на амбалажата, туку нов концепт на размислување, кој е во склад со технологијата и времето во кое делуваме, а со почит кон традицијата и вредностите“, изјави Анита Спасовска, генерална директорка на Бучен Козјак.