Живот 20.09.2018 18:56

ОД ЕНТУЗИЈАЗАМ ДО УСПЕШЕН БИЗНИС: Како Англичанец ја оживеа верзијата на комунистичка Веспа

ОД ЕНТУЗИЈАЗАМ ДО УСПЕШЕН БИЗНИС: Како Англичанец ја оживеа верзијата на комунистичка Веспа

Ентузијазмот на еден англиски претприемач го претвори своето хоби обновување на „чехословачката Веспа“ во вистински успешен стартап.

Десет години откако италијанскиот Пјаџо (Piaggio) го лансираше култниот скутер Веспа, источниот блок одговори со Чезета, пренесе пословни дневник.

Се работи за скутер кој се произведувал во тогашна Чехословачка помеѓу 1957 и 1964 година. Поради обликувањето во „вселенскиот дизајн“ популарен во 50-тите, меѓу купувачите брзо го доби прекарот „Прасе“.

Бидејќи производството е релативно брзо изгасено, денес преостанале околу стотина Чезети во состојба за возење. Еден ентузијаст кој ги обновува старите Чезети бил Нил Емон Симт кој во Прага се доселил во 1998 година.

„Видов една и веднаш ме привлече“, изјавил тој. Својата Веспа ја заменил со Чезета 2008 година, а потоа почнал да собира и обновува чехословачки скутери од хоби. Но, хобито наскоро се кренало на повисоко ниво. Доаѓа на идеја за модернизација на Чезетата која ја претвора во луксузен електричен скутер. Ја основа фирмата „Чезета Мотор„ со седиште во Прага и фабрика во источниот дел на Чешка во местото Простејов.

Оваа година компанијата планира да ја прошири продажбата надвор од Чешка. Следната година ќе почне да се продава и во Калифорнија. Чезета на струја се продава по цена од 10 000 евра.