Мозаик 06.08.2018 21:37

Од хоби до бизнис

Од хоби до бизнис

Тенка е линијата помеѓу профитабилното хоби и малиот бизнис. Можете да заработувате од хобито, но тоа не е неговата примарна цел.

Кога започнуваат бизнис, па дури и мал, луѓето влегуваат со доминантна цел за заработување на пари. Тој бизнис може да биде поврзан со она што го сакаат и она во што уживаат да го прават, но на крајот доминантен мотив е остварување на заработка.

На пример, натпреварувањето во триатлон за викендите и добивање пари како награда се смета за хоби. Меѓутоа, кога некој вежба пет дена во неделата и рекламира спортски производи, тогаш тоа е бизнис.

Факторите кои треба да се земат во предвид кога се детерминизира разликата помеѓу хобито и бизнисот се ракламирањето, регуларноста на активностите и дали тој се однесува на семејството и пријателите и на поширока база на клиенти.

Не постои ниво на приходи кое би укажало на тоа дека хобито станало мал бизнис, но работите како што е регистрирање на името на бизнисот или поднесување на барање за некој вид дозвола со која би се одобрило функционирањето на таа работа, идат во правец на формирање на бизнис.

Фиона Харис, сопственичка на онлајн продавница за половна облека, вели дека пред десет години започнала да купува половна облека и модни додатоци како хоби.

„Се започна како хоби. Тоа го работев поради себе, но тогаш погледнав во собата преполна со облека и добив бизнис идеја“.

Фиона е една од неколкуте илјади луѓе кои имаат мал онлајн бизнис.

Доколку имате хоби за кое сметате дека може да се развие во мал бизнис, не се двоумете да направите нешто по тоа прашање.