Живот 24.11.2018 00:20

Од оваа нова сезона на „Арена“ победникот ќе освои 120.000 денари

Од оваа нова сезона на „Арена“ победникот ќе освои 120.000 денари

Eдинствениот квиз на знење во Македонија, квизот „Арена“, кој се емитува на Алфа ТВ продолжува со својот поход за пронаоѓање на натпреварувачите кои сакаат да го покажат огромното знаење. Почетокот на 4-та сезона носи многу промени, а најинтересната за сите оние пријавени е главната награда од 120.000 денари.

Во изминатите 3 сезони учествуваа многу натпреварувачи кои го проверуваа своето знаење во арената, но имаше и такви кои станаа познати преку ноќ со своите гафови и грешки. Оваа сезона од Алфа ТВ ни откриваат дека ќе биде највозбудлива до сега. За таа цел ги охрабруваат сите оние кои сакаат да го проверат и споделат своето знаење да се пријават на alfamktv@gmail.com или да се јават на 02/2600 370.

Единствената непроменета работа, како и во минатите години, е водителот Димитар Атанасовски.