Актуелно 20.07.2020 10:50

Од полноќ нови цени на горивата

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела цената ЕУРОСУПЕР БС-95 се намали за 0,50 денар/литар, додека цените на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) останаа исти во однос на претходната недела.