Банкарство 29.08.2018 16:16

Од што експлодира добивката на „Охридска банка“?

Од што експлодира добивката на „Охридска банка“?

Во услови на намалени нето приходи од камати „Охридска банка“ за зголеми добивката за 140 отсто во однос на истиот период лани и таа порасна до 6,09 милиони евра. Успехот е комбинација на зголемени нето приходи од надоемстоци, раст на останати приходи и пад на резервациите во споредба со лани

„Охридска банка“ има одлично полугодие, неспоредливо подобро од лани. За половина година оваа банка во услови на намалување на нето приходите од камати оствари раст на нето добивката од 140 отсто и тоа е пред се благодарејќи на големиот раст на останатите приходи и пониските резервации во споредба со лани.

Нето приходите од камати за првите шест месеци годинава се 9,44 милиони евра и тие се пониски за 0,12 милиони евра во споредба со лани. Сепка банката ова намалување го неутрализира и го компензира со другите приходи. Прво, приходите од провизии и надоместоци пораснале за 355.000 евра и достигнале 2,46 милиони евра за првите шест месеци. Многу позначаен е растот на останатите приходи на банката кои најчесто значат наплата на недвиежн имот или средства кои биле земени во залог за обезбедување на кредит. Кај оваа ставка банката има приход од 1,74 милиони евра односно 0,95 милиони евра повеќе од истиот период лани.

Зголемените нето приходи од надоместоци појачани со зголемените останати приходи зачинети со намалените трошоци за резервации го даваат магичниот резултат – нето добивката на „Охридска банка“ достигна 6,09 милиони евра. Таа е за 140 отсто повисока од добивката за истиот период лани кога изнесувала 2,55 милиони евра. Добивката годинава е повисока за 3,54 милиони евра од истиот период лани. Ова е многу охрабрувачка вест за акционерите на „Охридска банка“.

Банката има одлични резултати и кај најважните ставки во билансот на состојба. Кредитирањето кон други коминтенти – најважната дејност пораснало за 18,3 милиони евра за шест месеци до износ од 437,4 милиони евра. Истовремено со тоа е намалено вложувањето во хартии од вредност за речиси 10 милиони евра. Паралелно со тоа се зголемува и депозитната база која достигна износ од 451,5 милиони евра и порасна за 19,8 милиони евра во споредба со нивото од крајот на 2017 година.

 

Извор: Фактор