Како што пренесуваат светските медиуми Карл Лагерфелд починал од рак на панкреас.
„Дејли мејл“ пренесува дека Лагерфелд никогаш не говорел за болеста и дека со неа се борел „лавоввски и во тишина“.
Се занимавал со спорт, се хранел здраво и со големо неверување ја примил веста дека дека боледува од рак на панкреас.
Поради болест тој ги пропушти последните две ревии на модната куќа „Шанел“ каде што беше креативен директор.