Актуелно 19.09.2023 14:55

Од утре намалени цени во маркетите: Ова се производите кои поевтинуваат

Од утре намалени цени во маркетите: Ова се производите кои поевтинуваат

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска на прес-конференција соопшти дека утврдена е листата на производите кои од утре ќе се продаваат со намалена цена.

Станува збор за: бел ориз во пакување од 900 грама до 1 килограм, пченично брашно, бел и полубел леб 450 грама – цел и сечен на парчиња со исклучок на свеж леб печен во маркетот, бисквити, наполитанки со фил или без, тестенини од 500 грама, јунешко месо без коски, свинско месо без коски, мелено месо – свинско и јунешко, пилешки стек, чаен колбас, пилешка посебна салама, паштета од џигер или пилешка.

Исто така и трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% во пакување од литар, јогурт од кравјо млеко со масленост од 2,8 до 3,2% во пакување од литар и литар и пол, кисело кравјо млеко, павлака со масленост од 12 до 20%, кравјо бело сирење и мешано сирење, кравји и мешан кашкавал, свежи јајца од кокошка и целото овошје и целиот зеленчук.

Ова значи дека од цените кои биле во маркетите на 1-ви август кај овие производи, дополнително треба да се намалат за 10%.

Горенаведените производи треба да бидат обележани со ознаката „гарантирана цена“ на рафтовите во ланците супермаркети.

Доколку не се почитуваат мерките, казната може да биде и забрана за вршење на дејност. Надлежноста ја има Државниот пазарен инспекторат, рече Бектеши на прес-конференцијата во Влада.