Актуелно 31.10.2023 10:43

Од утре поскапува парното – денеска треба да се знае за колку

Од утре поскапува парното – денеска треба да се знае за колку

Од утре поскапува парното. Сè уште не се знае колку ќе биде зголемувањето, но вчера во регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) се одржа подготвителна седница токму околу новата цена и забелешките од компаниите за топлинска енергија.

Првиот регулатор, Бислимовски веќе кажа дека не верува дека зголемувањето на цената ќе биде над 5 отсто. Извори за Телма, пак, велат дека можно е да биде нешто над 6 проценти. Од комисијата досега неколку пати апелираа да продолжат и субвенциите за топлинска енергија.

Со првичните пресметки кои компаниите ги доставија до РКЕ, дел до нив побараа над 50 отсто зголемување на цената на греењето. Но, поради тоа што одлуката не се донесе до крајот на јули како што се прави вообичаено, РКЕ деновиве побара нови пресметки од фирмите. Конечната одлука за тоа колкави сметки ќе плаќаат корисниците, треба да се знае денеска.