Кога ги гледате успешните луѓе околу вас, забележувате дека имаат многу заедничко. Сите успешни жени, на пример, блескаат од самодоверба.
Во нивна близина, едноставно чувствувате дека и вие целосно можете да им верувате и прилично е очигледно дека точно знаат што сакаат во животот.
Тие се исклучително храбри
Успешните луѓе не се натприродни суштества – и тие многупати искусиле страв, но не дозволиле тоа да ги исфрли од колосек. Клучот на успехот е добро да се познаваме и да владееме со себеси.
Успешните луѓе не се служат со лаги
Марк Твен бил во право кога рекол дека е важно секогаш да ја говориме вистината, оти така нема да треба да помниме се што сме рекле. Вистината не прави посилни и послободни, а лагите ни носат непријатни ситуации кои вака или онака, ни ја уриваат самодовербата.
Говорете ја вистината и зачувајте го сопствениот интегритет.
Се држат до своите одлуки
Стив Џобс еднаш изјавил дека силната упорност е она што ги издвојува успешните бизнисмени од останатите. Просто е – без разлика од која позиција тргнале и какви биле почетните околности, успешните луѓе секогаш покажуваат голема упорност.
За крај – славете ги своите успеси. Било тоа да е кафе со пријателите, забава или нешто поглемо со што ќе се почестите себеси, како на пример патување.