Актуелно 12.02.2019 23:50

Огласи за вработувања во државни институции на големо се распишуваат, а Зекири убедува дека нема

Огласи за вработувања во државни институции на големо се распишуваат, а Зекири убедува дека нема

Во емисијата на МРТ 1 вечерва гостуваше Мухамед Зекири, пратеник од редовите на СДСМ кој говореше на повеќе актуелни теми но и за вработувањата кои што се случуваат во моментот. Зекири посочува дека по распишување на избори нема вработувања, но затоа огласи за работни места од државни институции по распишување на претседателски избори ги има најмногу.

-Откако се распишани избори не смее ниту една институција да вработува, јас како што знам и не може и не смее да има. Ако има случаи нека се посочат кои се. Значи откако ќе се распишат избори до дента на распишувањето можело да има вработување, а од дента на распишување па до завршување на избори не може да има и не верувам дека има институција која што го прави тоа, нагласи Зекири.

Според Зекири во однос на темава која што многу е актуелна во однос на непотизмот, според него секој си има право да конкурира и да си бара работа без разлика кој е од граѓаните. Кога се отвора конкурс се отвора за сите. Но сега поединечни случаи има каде роднина на овој функционер, на овој пратеник се вработил тука, овој таму искрено не е вкусно и за јавноста. Невкусно е и тешко е да се оправда тоа пред јавноста. Дури и на него за одредени случаи му е срам.

Оваа изјава на Зекири е парадоксална со самиот факт што владата неодамна отвори оглас за вработување, а истото го направија и Министерството за економија и Собранието на Република Македонија.