Основното јавно обвинителство откако со асистенција на МВР ја одзеде документацијата во Фондот за иновации и технолошки развој не ги открива деталите од она што засега е утврдено по поврзаноста на доделените неповратни средства на проекти за компании директно и индиректно поврзани со владини функционери.
– Основното јавно обвинителство Скопје во континуитет презема дејствија за утврдување на факти во предметот. Со оглед на тоа што се преземаат дејствија во предистражна постапка, која согласно на законот е тајна, во моментов не сме во можност да споделиме детали – гласи одговорот од обвинителството.
Фондот за иновации и технолошки развој за прв пат ко-финансираше иновативни проекти со 10,5 милиони евра за 80-тина македонски фирми.