Актуелно 17.10.2018 12:20

ОЈО поднесе обвинение за закани кон новинар на социјална мрежа

ОЈО поднесе обвинение за закани кон новинар на социјална мрежа

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Загрозување на сигурноста од чл.144 ст.4 од Кривичниот законик, односно за закана кон новинар преку социјална мрежа.

– Обвинетиот се товари дека на 16.06.2017 година, по пат на информатички систем, се заканил дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од пет години или потешка казна. Заканите биле објавени во форма на коментар на неговиот профил на една социјална мрежа и биле насочени кон оштетено лице – новинар, при што обвинетиот повикал на физичка ликвидација и ја загрозил сигурноста на новинарот, соопшти ОЈО Скопје.