Актуелно 18.05.2018 09:02

ОКТА алармира за увоз на неквалитетен мазут

ОКТА алармира за увоз на неквалитетен мазут

Државата дозволува увоз на мазут кој отстапува од стандардите, алармира нафтената компанија „Окта“. Реагираат дека  Царината и Пазарниот инспекторат  дозволуваат да се увезе мазут во спротивност со Правилникот за нафтени деривати. Од ОКТА  велат дека двете институции си ги префрлаат одговрностите и ниту една од нив не сака да го запре увозот за кој што поседувале и материјални докази кои потврдувале дека  одредени параметри на мазутот биле над дозволените вредности пропишани со Правилникот.

Тврдат дека неделно над 30 цистерни со ваков мазут завршувале во ФЕНИ, кој е увозник на овој дериват од срспаката рафинерија во панчево.  ОКТА побарала да се изврши контрола на квалитетот на мазутот. Од Пазарниот инспекторат велат дека уште не ги добиле резултатите од мострите и наведуваат дека постапиле по поплаката на „ОКТА“.  Мострите ги земала лабораторијата Макинспект но досега резултатите не биле испратени во инспекторатот. Директорот Стојко Пауновски вели дека тие не пропуштаат цистерни, но и дека немаат право да ги запрат. Ако се докаже дека се отстапува од стандардот, ќе ја казнеле компанијата увозник со глоба од 10.800 евра, вели првиот човек на пазарната инспекција.

 

Извор:Алфа

Најнови вести