Актуелно 13.02.2024 08:04

Омилената брза храна станува луксуз?! Некогаш беше „јадење на сиромашни“, а сега за 350 грама треба да платите дури 500 денари

Омилената брза храна станува луксуз?! Некогаш беше „јадење на сиромашни“, а сега за 350 грама треба да платите дури 500 денари

Пицата е една од најпопуларните и најприфатливите брзи храни денес. Без разлика дали станува збор за патување или купување појадок на пат кон работа, сите со задоволство го избираат овој оброк, но отсега ќе треба да плаќаат повеќе.

Цените на пиците и питите купени во продавниците во Европската унија во декември минатата година биле за 5,9 отсто повисоки во однос на истиот месец од 2022 година, објави Евростат.

Во претходниот период од декември 2021 до декември 2022 година, цените на пиците и питите се зголемени за 15,9 отсто, од што произлегува дека и во оваа категорија се намалува инфлацијата. Во текот на изминатата година, пиците и питите најмногу поскапеле во Унгарија, за 13,4 отсто, Луксембург за 11,3 отсто и Латвија за 10,6 отсто.

Холандија е единствената земја во Европската унија каде пиците и питите поевтинија за 0,9 отсто, а многу скромен пораст на цените е забележан во Данска за 0,6 отсто и Белгија за еден отсто.

Искуството на нашиот сограѓанин, кој неодамна престојуваше во Монако, вели дека цените на пиците значително се зголемиле. На пример, во продавница таму парче пица со 4 вида сирење од 150 грама се продава за 2,31 евро, а цената се искачува на 6,20 евра за 360 грама.

Светски ден на пицата

Светскиот ден на пицата се слави на 9 февруари. Најпознатиот италијански специјалитет, сепак, не потекнува од Италија. Како што пишуваат медиумите, се верува дека пицата била измислена во античко време, кога луѓето ги усовршувале тајните на мешањето брашно со вода. Оригиналната пица всушност била леб што се печел под врел камен, а бил премачкан со масло со додаток на билни зачини.

Оваа идеја пристигнала во Италија во 18 век, кога родното место на специјалитетот станало регионот Кампанија, односно градот Неапол. Пицата доби особена популарност благодарение на кралицата Маргарита, во чија чест е направена истоимената „пица“. Останатото е историја.