Мозаик 25.09.2018 15:13

ОМИЛЕНИОТ НАПИТОК: Што ќе се случи со цената на кафето?

ОМИЛЕНИОТ НАПИТОК: Што ќе се случи со цената на кафето?

Вртоглаво паѓа цената на кафето во светот.

Таа достигна најниска вредност во последните дванаесет години.

Во Колумбија просечната цена на кафето е 1,20 долари, во Салвадор е 1,50 долари за килограм.

Арабика падна на помалку од еден долар за фунта (0,453 kg), што е значително пониско од производствената цена на големите производители.

Проблемот лежи во зголеменото производство, лошата економска состојба во Бразил, како најголен производител на кафе и падот на националната валута во земјата.

Бразилскиот реал изгуби 22 отсто од својата вредност од почетокот на годинава.

Меѓунарониот совет за кафе се плаши дека поради сето ова производителите на кафе може полека да почнат да се повлекуваат од одгледувањето на оваа култура.

Во Колумбија просечната цена на кафето изнесува околу 1,20 долари, во Салвадор – 1,50 долари за килограм.

“Worldcofferesearch”, предупредува  дека до 2050 година побарувачката за кафе во светот може да се удвои. Од друга страна, проценките на “Wordlcofferesearch”се дека земјоделските површини на кои се произведува кафе во наредните триесет години би можеле да биде преполовени поради климатските промени. Од 1990 година има постојан пораст на глобалната потрошувачка на кафе за 2,1 отсто на годишно ниво, што значи дека со ова темпо на раст на индустријата ќе бидат потребни 298 милиони вреќи со кафе во 2050 година за да се задоволат потребите на пазарот, кои се два пати на поголеми од сегашните, пресметале во “Worldcofferesearch”.