Не ме интересира повеќе ни имиџот, ни сеир од јавност, ништо од тоа. Заљубен сум, ја сакам Агнеса и сакам да си го спасам бракот. Сакам да се врати, сакам децата да се вратат дома. Ова го вели Роберт Орданоски, поранешниот директор на Агенцијата за електронски комуникации, во неговото последно медиумско обраќање, овојпат за порталот „Јоци.мк“.
„Не се срамам ни да кажам дека сум тажен и постојано плачам“, признава тој откако пред само неколку часа јавно преку неговиот профил на „Фејсбук“ побара брачен советник.
– Дали има некој брачен советник да ми даде малку ум во очајнава ситуација во која се наоѓам? Агнеса е преселена кај нејзините, ги преселила и сите нејзини и на децата алишта таму.. Го напуштила домот, пред да се вратиме од Пелистер.. Бара децата да ги однесам таму.. Наводно, ќе сум можел да ги видам кога сакам.. Прво сакав да ги носам дома, сепак, мајка им е, не ги видела од понеделникот, решив да ги однесам таму.. Што од правен аспект значи оваа циркузијада.. ?Благодарам за компетентниот одговор што ќе го добијам, тотално сум неспремен за оваа ситуација.. А јас, ќе си одам сам дома, да поразговарам малку со ѕидовите, да видам што правеле овие 6 дена, дур не бев дома – напиша тој на „Фејсбук“.
Во меѓувреме се огласи и неговата сопруга со која има две малолетни ќерки.
„После ова нема шанса. Сега додека сум млада, сакам да бидам сама и да ѝ се посветам на кариерата“, категорично му порача таа.