Почна подготовката на површините планирани за сеидба на ориз. Зависно од хидролошката состојба, оризот годинава се планира на околу 4.000 хектари. Земјоделците очекуваат брза исплата на субвенциите, како за оризот, така и за сите пролетни култури. Во спротивно најавуваат штрајк…
И годинава избија на површина старите проблеми како што се скапите репроматеријали, несертифицирано семе, доцнење на субвенциите. Минатогодишниот род потфрли и во квалитет и во квантитет, а откупната цена е за три до четири денари повисока од производната која изнесува 34 денари за килограм оризова арпа
Земјоделците бараат итна исплата на субвенциите усогласени со процентот на инфлацијата, како и исплата на износот за зелена нафта
Доколку до крајот на месецот не ги добијат субвенциите и надоместокот за зелена нафта, индивидуалните земјоделци здружени во Националната земјоделска мрежа најавуваат генерален штрајк. ()