Актуелно 23.02.2019 00:43

Османи: Не очекувајте дека нашите семејства ќе не чекаат нас да ги завршиме политичките кариери за тие да се вработат

Османи: Не очекувајте дека нашите семејства ќе не чекаат нас да ги завршиме политичките кариери за тие да се вработат

Вицепремиерот Бујар Османи во вечерашното гостување на телевизија 24 објаснуваше што значи непотизам.

-Непотизам е искористување на својата политичка моќ за вработување роднина која не ги исполнува критериумите. Непотизам не значи вработување на било кој од фамилијата. Тоа нема логика. Сите функционери имаат роднини. Јас имам 100 братучеди од прво и второ колено. Дали тоа значи дека во наредните години никој од нив не треба да се вработи? Има девијации, да, тие треба да се испитаат, но тоа да не биде лов на вештерки и правење шоу. Не очекувајте дека нашите семејства ќе не чекаат нас да ги завршиме нашите политички кариери за тие да продолжат со нивните кариери. Ако Антикорупциска утврди дека се прекршени законските норми и креитериуми при некое вработување, тогаш тие ќе се повлечат по силата на законот, а не по етички норми, рече Османи.

Извор: fokus.mk