Криптовалутата Биткоин денеска падна за 7 проценти на под 4.500 долари, прв пат од октомври минатата година. Со денешниот пад, Биткоинот минатата недела изгуби скоро 30 отсто од вредноста, пренесува Гардијан. Пад доживеаја и други криптовалути.
Од ноември минатата година, кога Биткоинот достигна речиси 20 илјади долари, досега оваа криптовалута загуби 75 отсто од вредноста.
Падот на вредноста на криптовалутите се должи на најавите на регулаторите дека ќе ја заострат контролата на иницијалната понуда, но и по новите поделби во криптовалутите.