Мал остров кај Сан Франциско на кој има светларник бара работници.
Се бараат двајца луѓе, а годишната плата е 130.000 долари, пишува Poslovni.hr.
Иако изгледа дека е едноставно, сепак мора за оваа работа човек да има многу познавања.
Бидејќи се работи во туристичко – угостителски објект, луѓето мора да знаат да готват, да чистат, да ги услужат гостите и слично. За овој оглас многу потенцијални кандидати отпаднаа, но се бараат луѓе и понатаму.