Финансии 04.07.2018 14:25

Отишол на СП2018 му ја украле картичката и му одзеле 11 илјади евра

Отишол на СП2018 му ја украле картичката и му одзеле 11 илјади евра

Навивач на Колумбија беше ограбен во понеделникот вечерта во Москва, откако непознатото лице од украдената банкарска картичка успеало да направи трансакции од околу 11 илјади евра.

– Во вечерните часови во понеделникот, московската полиција доби поплака од навивач на Колумбија, дека непознат сторител му украл чанта, веројатно во центарот на Москва, пренесуваат руските медиуми.

Жртвата ја откри кражбата во моментот кога на неговиот мобилен телефон почнале да пристигнуваат извештаи за повлекување банкарски картички големи суми на пари.

Покрај финансиската штета, несреќниот Колумбиец немаше можност да се утеши со резултатот на неговата репрезентација која синоќа загуби од Англија на пенали и е елиминирана во осминафиналната фаза на СП.