Актуелно 12.09.2019 20:39

Откако дојде животот, за 15 месеци си заминаа 300.000 граѓани

Откако дојде животот, за 15 месеци си заминаа 300.000 граѓани

Сакајќи да ја оправда потребата од ангажирање на ИФИМЕС, премиерот Зоран Заев отвори нова дилема. ТВ Алфа го анализира неговиот одговор прашањето зошто ИФИМЕС се плаќа со пари на граѓаните кога нивните анализи не се точни, како на пример таа за референдумот дека гласале 64% гласачи додека според ДИК излезноста беше 34%.

Заев рече оти бил сигурен дека 64 отсто од присутните граѓани во земјава излегле да гласаат на редерендумот минатата година, а анализите на ИФИМЕС за него се регионално релевантни.

Јас верувам дека 64 проценти од тие што биле во државава гласале на референдумот, рече Заев.

Анализа на ТВ Алфа:

На избирачкиот список за септемвриското изјаснување биле запишани 1.806.336 гласачи. На гласање излегле 666.743-ца што според пресметките на ДИК е 36,91 отсто. Но, ако се земе предвид анализата на која се повикува премиерот, за излезност од 64 проценти, тогаш во земјава присутни биле едвај 1.043.000 гласачи. Или 290.400 гласачи ја напуштиле Македонија во последните две години, по предвремените парламентарни избори во 2016.

Предвремени парламентарни избори 2016 година:
1.784.416 гласачи запишани во избирачкиот список според ДИК
– 450.000 фантоми за кои тогаш алармираше СДСМ
= 1.334.400 гласачи биле во земјава според СДСМ

Референдумско изјаснување:
1.806.336 гласачи запишани во избирачкиот список според ДИК
666.743 гласале што според ДИК е 36,91%
Ако овие 666.743 гласачи биле 64% според Зоран Заев
= 1.043.000 гласачи имало во земјава во септември 2018 година

Проста математика:
1.806.336 – 450.000 = 1.334.400
1.334.400 – 1.043.000 = 291.400

А, во 2015 година од парламентарната говорница, пратеникот Горан Сугарески, тогаш од опозициската СДСМ обвинуваше за масовен егзодус.

Статистиката покажува дека заклучно со 2013 година, 600.000 граѓани ја напуштиле Македонија, рече Сугарески.

Ако пресметките на премиерот се точни, тогаш државава за првите 15 месеци од владеењето на СДСМ ја напуштиле над 290.000 граѓани или во просек по 20.000 Македонци месечно се селеле во други земји.