Економија 27.09.2023 09:14

Откажани десетици летови на аеродромот во Лондон поради корона

Откажани десетици летови на аеродромот во Лондон поради корона

Лондонскиот аеродром Гетвик ќе откаже околу 82 полетувања оваа недела поради недостаток на персонал во кулата за контрола на летање поради боледувања и коронавирус.

Шефот на аеродромот Стјуарт Вингејт рече дека е „многу фрустриран“ од серијата проблеми со контролата на воздушниот сообраќај на аеродромот. Околу 30 отсто од персоналот на контролата на летање е недостапен, рече тој.

Најголем број откажувања ќе има во петок на 29 септември кога ќе бидат засегнати 33 поаѓања. Недостигот од кадар се очекува да влијае на вкупно 3 проценти од сообраќајот, јавува Би-Би-Си.

Тие додаваат дека летовите ќе бидат пропорционално откажани меѓу авиокомпаниите. ЕasyJet ќе биде најпогоден, со BA и Ryanair, исто така, меѓу оние кои се замолени да откажат летови.

Јохан Лундгрен, главен извршен директор на EasyJet, рече дека е „за жалење што е потребно привремено ограничување на капацитетот на аеродромот Гетвик“.

Сепак, тој рече дека тоа е „правилно дејство на аеродромот за да може да се избегнат откажувања и одложувања во текот на денот“.

Да потсетиме, ова е трет проблем на лондонските аеродроми за помалку од еден месец. На крајот на август беа откажани 500 летови токму поради техничка грешка.

Пред десетина дена беа откажани и летови поради недостиг на контролори на летање.