„Новите штрајкови се неопходни затоа што работодавците по предупредувачкиот штрајк минатата недела не реагираа со нова понуда”, рече претставникот на синдикатот Верди, кој ги собира заедно работници во јавните служби, Бенџамин Рошер.
Освен на најголемиот аеродром во Франкфурт, каде што денес се откажани 470 од 1.200 планирани летови, предупредувачки штрајкови беа објавени на аеродромот во Минхен, Хановер, Хамбург, Бремен, Лајпциг, Ерфурт и Дрезден.
Синдикатите на вработените во службите кои ги контролираат патниците и багажот за своите вработени бараат зголемување на сатнината на 19,50 и 20 евра, од сегашните 14 евра. Работодавците нудат зголемување од 6,5 проценти.
Федерацијата на германските аеродроми (ADV) остро го критикуваше „штрајкувачките испади“ на синдикатите кои, според нивните зборови, ги злоупотребуваат аеродромите за својата борба со работодавците.
„Верди се однесува неодговорно надувувајќи го конфликтот до неразумни размери”, критикува ADV укажувајќи на тоа дека само со утрешниот штрајк ќе бидат засегнати повеќе од 200.000 патници.
Минатонеделниот штрајк ги погоди аеродромите во Берлин, Келн и Дизелдорф.