Научниците кои работат во зоната Кларион-Клипертон на северот од Тихиот океан откриле метални грутки на морското дно кои произведуваат сопствен кислород.
Со ова октритие на кислород од дното на океаните, кој се нарекува и „темен кислород“, научниците за прв пат забележале дека кислород може да се произведе и без учество на живи ог и се доведува во прашање тоа што го знаеме за животот на Земјата, пренесува Live Science.
Металните грутки или нодули, се расфрлани по тлото на Тихиот океан и произведуваат кислород во потполен мрак и без помош на било какви живи организми.
„Кога прв пат ги добивме овие податоци мислевме дека сензорите не се исправни, бидејќи во секоја студија спроведена во длабоко море забележувавме дека кислородот само се троши, а не се произведува“ вели водечкиот автор на студијата Ендру Свитман, професор и лидер на истражувачките групи за биогеохемија во Шкотското дуеи за наука за морето.
Но, кога инструментите продолжија да покажуваат исти резултати, Свитман и неговите колеги знаеле дека пронашле нешто револуционерно, за кое никој не ни помислувал.
Резултатите, објавени во магазинот „Nature Geoscience“, сугерираат дека малите метални нодули се пронајдени во зоната Кларио-Клиперот на северот од Пацификот и произведуваат кислород со електролиза на морската вода, со што морската вода ја раздвојуваат на кислород и водовод со наелектризирање.
Електричното полнење произлегува од разликата во електричниот птенција што псти помеѓу металните јони во грутката, што доведува до прераспределба на електроните, се вели во студиат
Таканаречените полиметални нодули се вообичаени на рамни области на морското дно помеѓу 3000 и 6000 метри под површината.
Овие грутки главно содржат оксиди на железо и манган, но исто така сподржат и метали како кобалт, никел и литиум, како и ретки земни метали како што е цериум, кои се важни компоненти на електрониката и технологијата со ниска содржина на јаглерод.
Свитнам и неговите колеги првобитно го истражувале потенцијалното влијание на рударењето а полиметални грутки на екосистемот на дното на океаните во Кларион-Клипертон зоната која се протега на 4,5 милиони квадратни километри помеѓу Хаваи и Мексико.
Како дел од оваа проценка, тимот измерил промени во концентрацијата на кислород користејќи посебни експериментални комори на повеќе локации.
Николас Овенс, директорот на здружението рекол дека ова е едно од највозбудливите откритија за науката за океаните во последно време.
„Конвенционалното мислење е дека кислородот прв пат е произведен пред околу три милијарди години од древните икоб наречени иј и дека после тоао дошло до постепен развој на сложени облици на живот“ вели Овенс.
Студијата е делумно финансирана од кандатската компанија The Metals Company, која имаше план да почне да ги ископува ваквите групти следната година.