Еден од продуцентите на познатата цртана серија „Симпсонови”, Мајк Рајс во својата нова книга открива зошто сите од семејството се жолти, зошто местото се вика Спрингфилд и други интересни детали.
Рајс на серијата работи од самиот нејзин почеток во 1989 година, а периодов ја издаде и книгата „Спрингфилд, доверливо: Шеги, тајни и чесни лаги од животот посветен на пишување за Симпсонови”. Во неа, тој открива дека за препознатливиот жолт тен на главните ликови се одлучиле сосем случајно…
Идејата била на Мет Грејнинг, поранешен аниматор од проектот, а Рајс го прифатил тоа, поради специфичните фризури кои ги замислил.
– Барт, Лиса и Меги воопшто немаат коса, односно немаат ни линија која ја одвојува нивната кожа од косата. Така, се одлучивме за жолтата боја, објаснува Рајс.
Во врска со измислениот град Спрингфилд, Рајс вели дека името е позајмено од хумористичната серија „Father Кnows Best” oд 1950-те.
– Спрингфилд има океан на источната и на западната страна. Во една прилика, откривме дека Источен Спрингфилд е трипати поголем од Тексас… Тоа го повлекува прашањето: На која планета е Спрингфилд?, се шегува писателот.
Натаму, тој открива и како главните ликови ги добиле имињата.
– Хомер и Марџ ги добија имињата по родителите на творецот Мет Грејнинг. Лиса и Меги се имињата на неговите сестри, а Барт е анаграм на зборот „brat” (палавко), објаснува Рајс.