Отпадот од храна во светот може да се зголеми за речиси една третина до 2020-та година, кога ќе бидат исфрлени повеќе од 2 милијарди тони храна. За тоа предупредуваат експерти од консултантската фирма „Boston Consulting Group“, наведувајќи ја опасноста од „незамислива“ криза, поткрепен со „бумот“ на светското население и промените во навиките на земјите во развој, информира „Ројтерс“.
ООН постави за цел загубите и исфрлањето на храна да бидат преполовени до 2020-та година Според истражувањето сепак, ако сегашниот тренд продолжи, фрлањето на храна ќе се зголеми до 2,1 милијарди тони годишно, достигнувајќи вредност од 1,5 илјади милијарди долари.
„Гледаме вистинска криза на глобално ниво“, рече еден од авторите на извештајот.
„Количината на отпад ќе биде огромна, социјалните, економските и еколошките последици ќе бидат сериозни ако не ја смениме траекторијата. Кога се бориме со отпадот од храната и ја фрламе, ние исто така се бориме со глад, сиромаштија и глобално затоплување“, рече тој.
Речиси една третина од храната во светот е уништува или фрла секоја година. Ние во моментов фрламе 1,6 милијарди тони храна годишно, проценета на околу 1,2 илјади милијарди долари.
Голем дел од проектираното зголемување на показателот се должи на зголемувањето на светската популација.
Отпад од домаќинствата ќе се зголеми во земјите во развој, бидејќи потрошувачите ќе имаат повисоки приходи таму, се вели во извештајот.
Експертите идентификуваа пет клучни промени кои би можеле да заштедат скоро 700 милијарди долари од отфрлената храна.
Тие вклучуваат подобра свест на потрошувачите, построги регулативи и поефикасни синџири на снабдување, како и соработка по должината на синџирот на исхрана.