Отворено банкарство (open banking), најверојатно ќе го трансформира начинот на кој управуваме со парите и веројатно никогаш не сте слушнале за тоа, пишува Индипендент денес.
Овој викенд огромна промена во начинот на кој банките менаџираат со податоците се случува, промена која комплетно ќе ги револуционизира банките, кој ги поседува нашите финансиски податоци и кои компании можат да ни понудат таргетирани финасиски сервиси. Се вика „отворено банкарство“ и доаѓа од новата европска директива и новите правила за компетитивност на Обединетото Кралство. Промените кои стапуваат на сила од овој викенд значат дека банките ќе мора да ги споделуваат нивните финансиски податоци како историјата на трансакциите и шемите на трошењата со други провајдери – трети страни доколку тоа биде побарано.
Критичарите дебатираат за тоа дали отвореното банкарство всушност ќе ја одземе моќта од потрошувачите така што ќе креира комплексен ланец на оператори и корисници на податоците, со што ќе стане потешко да се утврди чија вина е доколку настане кражба на податоци.