Економија 19.06.2024 12:14

Ова е единствената земја во ЕУ која ископува ураниум

Ова е единствената земја во ЕУ која ископува ураниум

Финска стана првата земја во Европската унија која ископува ураниум, објави рударската компанија Terrafame.

Оваа финска компанија истакна дека споменатата руда почнала да ја вади на североистокот на земјата од рудникот во Соткам.

Во соопштението на веб-страницата на компанијата, се очекува дека компанијата ќе достигне полн капацитет 2026 година, а обемот на производство на ураниум ќе биде околу 200 тони годишно.

Во подготовката на производството беа вложени околу 20 милиони евра.