Мозаик 05.07.2018 15:30

Ова е најниската измерена температура воопшто досега

Ова е најниската измерена температура воопшто досега

На Антартик е измерена најниската температура досега на земјата, минус 98,6 степени, а ја забележа истражувачата група од Универзитетот Колорадо.

Тим од научници ги анализирал сателитските мерења. Откриле вкупно 150 случаи кога температурата паднала под 90 степени во поларната регија меѓу 2004 и 2016 година.

Извештаите се објавни во научни списанија.

До најновиот рекорд, како најниска температура важеше онаа која е забележана во 1983 година од страна на рускиот истражувачки центар „Восток“, исто така на Антартик, кога живата во термометарот паднала на минус 89,2 степени.