Доколку планирате да купите недвижен имот во некој од европските градови, има информации за нивните цени. Еве за кои европски градови треба да потрошите најмногу пари за стан, за некои станови цената оди и до 13.000 евра за метар квадратен.
Во Минхен, еден од најпопуларните градови во Германија, купувачите минатата година за стан во нова зграда мораа да платат во просек по 10.500 евра за метар квадратен, додека во француската престолнина Париз, еден од најромантичните градови, беше поскапо – 13.000 евра.
Нешто поевтини се Лондон, Осло и Франкфурт, каде просечната цена за метар квадратен е 8.400 евра. Во Амстердам, град кој е се попопуларна дестинација за живеење, квадратот бил 7.600 евра, а во Копенхаген 7.300 евра.
Во Хамбург, шестиот по големина град во Европската унија, купувачите платиле 6.900 евра, а во Берлин 400 евра помалку или 6.500 по квадратен метар станбена површина.
Од друга страна, Бугарија е земја која привлекува се поголем број странски инвеститори и купувачи на недвижности поради својата пристапност, природните убавини и различните можности. Затоа најприфатлива недвижност има во бугарските градови Варна и Бургас, каде нов стан во просек можеше да се купи за 900 евра за метар квадратен.