Русија ги укинува домашните задачи за првоодделенците, почнувајќи од новата учебна година, објави „РИА Новости“, повикувајќи се на документ од руското Министерство за образование и наука.
„Налогот утврдува дека во прво одделение, наставата се изведува без домашни задачи. Одредбата за вкупниот обем на домашни задачи за сите предмети во траење од еден час е исклучена“, се наведува.
Претходно, според „Методолошките препораки за организација на домашните задачи за учениците во општообразовните организации“, ова беше дозволено, но мораше да биде постепено воведено, а времето за домашните задачи не треба да биде повеќе од еден час. (МИА)