Актуелно 06.12.2019 11:05

Оваа власт потроши три години од животи на граѓаните и не направи ништо за нив и за државата

Оваа власт потроши три години од животи на граѓаните и не направи ништо за нив и за државата

Зоран Заев ништо не работи. Неговите лаги веќе не минуваат. Неговото „ќе” и празните ветувања со кои ги потценува обичните луѓе, предизвикуваат револт, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните во лице му кажуваат дека не го бива. Не му завршија работа провладините телевизии и пропагандата платени со рекетирањето на СЈО. Баба Перса му ја кажа вистината во очи, иако се обиде да ја спречи и наклевети во негов стил. Граѓаните повеќе не се плашат. Оваа власт потроши три години од нивните животи и не направи ништо за нив и за државата. Додека Заев и неговите ја раскрчмуваат државата и делат милионски тендери, граѓаните газат по кал и немаат водовод и канализација. СДСМ ја задолжи државата за над пола милијарда евра, а граѓаните од скопско уште газат во кал, потенцираат од партијата.

 

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека граѓаните се доказ дека не блескаме. Реалноста која му беше предочена на Зоран Заев е секојдневие за народот, кој не гледа преку розевите наочари на Заеви.

На бедата мора да и се стави крај. По 12 април следува работа и обнова на Македонија, стои во нивното партиско соопштение.