Мозаик 05.09.2023 13:41

Овенот да внимава на љубоморни сцени, Јарецот ќе има немир

Овенот да внимава на љубоморни сцени, Јарецот ќе има немир

ОВЕН

Договорите нема да одат онака како што сте испланирале, иако е присутна потреба за компромис и од ваша и од другата страна. Бидете трпеливи, ќе ви се исплати на крајот. Денешните околности на љубовното поле не се најповолни за конкретни акции. Внимавајте на љубоморни сцени. Можни осцилации со крвниот притисок.

БИК

Негативни вибрации меѓу вас и колегите мора да се обидете на секој начин да ги избегнете. Ако сте задоволни од сегашната состојба на љубовното поле, немојте ништо да менувате. Можни проблеми со варењето на храната.

БЛИЗНАЦИ

Немојте да дозволите нереално да се залетувате затоа што може да ви донесе нови проблеми и ограничувања во финансискиот сегмент, и во поглед на пробивање на некои рокови за завршување на работи. Потребно е да видите што можете да подобрите на љубовен план. Зголемен стрес.

РАК

Напорен ден пред вас, немојте да дозволите другите со своето однесување да ве извадат од колосек. Нема ништо да добиете ако реагирате. Проверете дали вашите визии и визиите на другата страна се поклопуваат кога е љубовта во прашање. Без значајни предупредувања.

ЛАВ

И денеска може да очекувате доста работи врзани пред се за комуникација и договори. Потребно е да настапите внимателно со секој договор и да не давате ветувања. Слободните може да влезат во нова љубовна врска. Ќе им биде интересно. Одлично здравје.

ДЕВИЦА

Доста потешкотии ве очекуваат денеска, особено бидете внимателни со договори. Со саканата личност можеби покажувате некои сомнежи и недоверба. Напнатост, нервоза.

ВАГА

Подготвени сте да покажете дека сте одговорни и дека ќе дадете се од себе за да ги остварите своите амбиции. Во текот на денешниот ден ве очекува поволен период за љубов, но и за нови познанства ако сте слободни. Мали проблеми со кожата.

ШКОРПИЈА

Може да очекувате застој во плановите, нерасположение, или во еден збор ќе биде невозможно да се соработува со вас денеска. Тешко дека и со вашата сакана личност ќе бидете на иста бранова должина. Здравјето е многу добро.

СТРЕЛЕЦ

И овој вторник ви носи изразена напнатост, и потенцијално нетрпение за завршување на некои работи. Немојте да брзате, но немојте и да се откажувате. Вие сте малку нетолерантни и обидете се да го исконотролирате своето однесување кон другата страна за да нема после каење. Чувајте се од настинки.

ЈАРЕЦ

Контакт со надредените ви носи немир, затоа што имате проблем со комуникацијата. Сфатете го ова како минлив лош период. Поради можни одложувања или доцнења за некои средби со саканата личност, имате впечаток дека ништо не ви оди од рака денеска. Главоболка е можна.

ВОДОЛИЈА

Прилична раздразливост или преголема чувствителност на ситници, ќе бидат основни точки на судири на патот кон реализација на работни обврски овој вторник. Ако не најдете други начини да се опуштите, тогаш потенцијални случувања во сферата љубов може да бидат од корист. Шетајте, вежбајте…

РИБИ

Зголемен обем на работа и предупредување дека нема да биде лесно да ги остварите зацртаните цели на време. Слободните Риби треба да почнат некоја добра комуникација. Уживајте во заведувањето. Можни проблеми со варењето на храната.