Кога се во прашање летните забави, незаборавните ноќи поминати во барови и дискотеки некаде покрај море, најголеми се шансите за неверства, особено доколку вашиот партнер/партнерка оди сам на летување.
Прочитајте што велат ѕвездите, па доколку својот партнер/партнерка го идентификувате во некој од овие хороскопски знаци, очекувајте ова лето да бидете изневерени.
Близнаци
Тие се први на листата, а кој друг ако не дволичните Близнаци. Овој воздушен знак првите пријателства ќе ги склопи на плажа и таму ќе се покажат како главни ловци. А ако вие го чекате дома, подобро би било да излезете некаде сами и да се забавувате наместо да се прашувате што тој/ таа прави таму.
Риби
Да, и овие нежни и емотивни души умеат да изневеруваат. Како и Близнаците и Рибите имаат дуална природа. Или ќе налетате на светец или ќе налетате на грешник, а ако вашиот партнер е од вториот тип бидете сигурни дека доколку оди некаде на деловен пат нема да се врати со чиста совест.
Лав
Тие се кралевите на егоцентризмот, па тие нема да си дозволат себе си да се вратат од одмор, без доказ дека биле главни на плажа. Нивниот морал е премногу нестабилен, така што тие кога ќе ве изневерат , себе си ќе се утешат со зборовите “она што партнерот не го знае, нема ниту да го повреди”. Така охрабрен тој/ таа ќе заведува на плажа се додека не долови трофеј од којшто му зависи самодовербата.