Мозаик 10.10.2018 09:05

Овие знаци го издаваат вашиот партнер дека изневерува

Овие знаци го издаваат вашиот партнер дека изневерува

Ако сте во брак или сте во долга врска, и чувствувате дека партнерот ве изневерува, веројатно сте во право.

Дури и кога нема доволно докази кои би го поткрепиле вашето сомневање, ако сте жена и вашата интуиција ви сугерира дека партнерот ви набива рогови, големи се шансите дека тоа навистина се случува.

Приватниот истражувач Дејвид Кинг вели дека женската интуиција во 80 проценти од случаите е точна.

“Јас секогаш би се потпрел на женската интуиција”, вели.

Ова се знаците на кои треба да обрнете внимание ако се сомневате дека вашата подобра половина “шара” на страна:

Промени во секојдневните навики
Иако се смета дека жените мамат повеќе, Кинг вели дека бројките се приближно еднакви. Сѐ повеќе жени ги бараат неговите услуги откако ќе забележат некои промени во однесувањето на своите мажи. Според него, партнерот покажува промени во однесувањето, а тоа, првенствено е поврзано со изгледот.