Од овогодинешните преспански јаболка ќе има малку. Градот кој во два наврати го зафати овој регион во два месеци направи огромни штети. Се што требаше да заврши на трпезата заврши на земјата велат одгледувачите.
- Катастрофална штета , не знам како ќе преживееме како ќе истуркаме ова година вели еден ресенски одгледувач на јаболка. Родот ни е целосно уништен има 100 % штета додава разочараниот ресенчанец.
Овоштарите велат дека родот ќе се преполови за наредната година и бараат субвенции за наредната година за поставување на мрежи над јаболковите насади. Градот можат да го спречат само градобијни ракети кои служат како украс.
Овоштарите се жалат дека и условите за осигурување се лоши. Овоштарите велат дека критериумите се се построги и велат дека во наредните години и на тоа осигурување тешко ќе можат да сметаат.
Тие велат дека комисијата проценува штета од 100 % но осигурителните компании проценуваат само 50 %.
Инаку, овоштарите велат дека вакво невреме не паметат долго време кое било кратко но оставило пустош.