„Procter&Gamble“ објавија дека постигнале договор за купување на здравствената единица на германскиот фармацевтски гигант „Merck“, објави „Ројтерс“. Цитираниот износ е 3,4 милијарди евра.
Набавката ќе и овозможи на „P&G“ да ги додаде брендовите „Vicks“, „Pepto-Bismol“ и „Oral-B“ во своето портфолио.
„„Merck“ поседува десет големи брендови и генерира една милијарда долари годишен приход од продажби од овој бизнис. Во текот на изминатите две години, во оваа област има раст од околу 6%“, објави „Business Wire“.
Во САД, компанијата е позната по своите витамини, производите „Febimion“ и различни додатоци во исхраната.
Ова ќе биде една од најголемите набавки за американската компанија во последниве години, коментира „MarketWatch“. „P&G“ забележува забавување на растот на големите пазари и намалување на приходите од еден од нејзините најголеми бизниси – „Gillette“, додаде агенцијата.
„Merck“ ја понуди својата единица за продажба со намера да се фокусира на производство на лекови, велат од светските агенции.