Економија 12.12.2023 12:24

Пад на светските цени на храната, поскапеа само маслото и шеќерот

Пад на светските цени на храната, поскапеа само маслото и шеќерот

Цените на храната во ноември во светски рамки, останаа на најниско ниво во споредба со изминатите две ипол години, поради поевтините житарки, објави Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО).

Индексот на цените на ФАО на кошничката основни прехранбени производи во ноември беше во просек 120,4 поени и беше речиси непроменет во однос на октомври кога падна на најниско ниво во март 2021 година. Во однос на ланскиот ноември тој е помал за 10,7 отсто. Во ноември цените на житото паднаа за 3,0 отсто во однос на октомври, поради остриот пад на цените на пченката и пченицата, пишува Н1.

Но, растителните масла поскапеа за 3,4 отсто во однос на октомври, поттикнати од скокот на цените на палминото масло, за повеќе од шест отсто поради зголемената побарувачка и сезонски детерминираната послаба понуда од големите производители.
Забележително се зголемија и цените на млекото и млечните производи, за 2,2 отсто во однос на октомври, како резултат на силната побарувачка за путер и обезмастено млеко во прав во североисточна Азија и зголеменото претпразнично купување во Западна Европа. Се зголеми и цената на шеќерот, за 1,4 отсто, поради влошувањето на изгледите за производството во Тајланд и Индија. ()